NAN 4: Мала, но важна помош додека малечките растат

NAN 4: Мала, но важна помош додека малечките растат

Децата на возраст меѓу 1 и 3 години доживуваат интензивни промени во растот и развојот...

- им требаат дури 4-5 пати повеќе хранливи материи отколку Вам, возрасен човек

- во првите 3 години од животот растат повеќе од кога било во животот

- во првите 2 години постигнуваат половина од својата висина како возрасни

- до 3. година им се развиваат сите запчиња

- стануваат стручњаци за нови зборови и реченици

- учат самостојно да јадат со лажица и виљушка

- развиваат претпочитања за вкусовите, но стануваат и пребирливи

- почнуваат да велат „НЕ“

- трошат значително повеќе енергија - за физичка активност и за совладување на сите пречки додека го истражуваат светот околу себе

... токму затоа прехраната на оваа возраст мора да ги задоволи сите дневни потреби на организмот за детето правилно да се развива и да расте! И затоа му е потребна мала помош!

Млекото, како најважен извор на калциум, на високовредни белковини и на повеќето витамини, сè уште е една од најважните намирници, а на детето во овој период дневно му се потребни околу 500 мл млеко или млечни производи.

* Првите 1 000 денови од животот на детето, што го подразбира периодот од зачнувањето до 2-годишна возраст, ги поставуваат темелите за целиот живот

Кравјото млеко, иако е скапоцена намирница, на оваа возраст не е најдобро решение зашто содржи:

  • премногу белковини и некои минерали кои може да ги оптоварат уште неразвиените бубрези на детето. Прекумерниот внес на белковини може и да предизвика дебелина  подоцна во животот.
  • премалку есенцијални масни киселини кои се неопходно потребни за развојот на мозокот и за функцијата на видот
  • премалку железо, што може да доведе до анемија, која може да ги забави растот и развојот на детето
  • премалку витамини, неопходно потребни за растот и развојот.

 

НАН 4 PRO е идеална мала, но значајна помош додека малечките стануваат големи!

Млекото NAN 4 PRO  им е наменето на децата поголеми од 18 месеци, не е замена за мајчиното млеко, туку алтернатива на кравјото млеко. Може да се користи сè до 4. година, ако така сакате.

Ги обезбедува клучните хранливи материи потребни на Вашето малечко во текот на овој интензивен период на раст и развој:

  • Железо - придонесува кон нормалниот когнитивен развој на детето

Дали знаете дека 23% од децата помали од 5 години во Хрватска страдаат од недостиг на железо?

  • Калциум и витамин Де - потребни за нормален раст и развој на коските кај децата
  • Витамините А, Це и витамините од групата Бе
  • Со додаток на активните култури Bifidobacterium Longum i Lactobacillus Rhamnosus
  • ОПТИПРО - со протеини/белковини со висок квалитет, во количество приспособено на возраста и на потребите на детето. ОПТИПРО означува единствен процес во производството со кој се осигурува оптимално ниво и квалитет на белковините во производот.

 

Добро е да се знае: токму протеините имаат клучна уога во прехраната на детето - медицинските стручњаци и истражувачи сметаат дека белковините се една од најважните хранливи материи, не само за растот, туку и за развојот на детето, при што се еднакво важни и количеството и квалитетот на белковините!

Со извонреден вкус - вашето малечко, едноставно, нема да може да каже „не“ J

НАН 4 ПРО може да го комбинирате со други намирници, на пр., да направите житни снегулки со ова млеко и да го додадете омиленото овошје на своето дете!

Во истражувањето на светот околу себе и совладувањето на сите мали препреки, малата, но важна помош стигнува само во една чаша млеко (210 мл) која задоволува:

- 42% од дневните потреби за железо

- 47% од дневните потреби за калциум

- 28% од дневните потреби за витамин Де

 

NAN 4 PRO не е замена за мајчиното млеко, туку алтернатива на кравјото млеко. Мајките што можат, би требало да продолжат со доење и во 2. година од животот на детето.

Важна напомена: Светската здравствена организација (WHO) препорачува доење до 2. година од животот.