Доењето го подобрува видот на бебето!

0 - 0 месеци
Доењето го подобрува видот на бебето!

Истражувањето е направено на 78 доени и 184 деца хранети со адаптирано млеко на возраст од 4-6 години.

Веќе во првите шест месеци доените деца имале подобри резултати во текот на испитувањето на видот.- Нашето истражување покажа дека мајчиното млеко богато со омега 3-масни киселини, арахидонска и DHA го подобрува видот на детето – изјави Др. Atul Singhal од Институтот за детско здравје во Лондон.

Арахидонската киселина е составен дел од градбата на мембраната на човечките клетки, посебно на клетките во мозокот. Присутна е и во путерот од кикирики. DHA киселината е присутна во рибиното масло.