Неверојатни факти за мајчиното млеко

0 - 6 месеци
Неверојатни факти за мајчиното млеко

Последно, но не и помалку важно од сè друго е што доењето може да помогне да се развие сетилото за вкус на вашето бебе. Тоа што вие го јадете, му дава вкус на вашето млеко. Мајчиното млеко е природен дел од постепеното учење на вкусовите - учењето кое започна во 12-тата недела од бременоста.

Развивање на вкусот кај бебето

Последно, но не и помалку важно од сè друго е што доењето може да помогне да се развие сетилото за вкус на вашето бебе. Тоа што вие го јадете, му дава вкус на вашето млеко. Мајчиното млеко е природен дел од постепеното учење на вкусовите - учењето кое започна во 12-тата недела од бременоста.

Вашето млеко не е толку благо колку што мислите! Има широка палета на вкусови кои се добиваат од храната, зачините и течностите што ги внесувате или вдишувате. И за разлика од млечните подготовки за доенчиња, му дава на вашето бебе богатo и сложенo, целосно доживување на вкусовите.

Хранејќи се преку вашето млеко, бебето полесно ќе се спротивстави на зависноста од слаткиот вкус во периодот на дохранување. Со тоа, колку е побогата вашата исхрана со овошје и зеленчук, толку полесно ќе му биде на вашето бебе да ги прифати и да ги засака подоцна во текот на животот.

 

Благодарение на сиве овие изненадувачки информации не е чудно што мајчиното млеко е, и секогаш ќе биде, „златен стандард“ во исхраната на доенчето. Едноставно и неверојатно.

 

Доколку успеете да се храните здраво и избалансирано додека доите, вашето бебе ќе ужива во вашето млеко како единствена храна во текот на првите 6 месеци од животот.

 

Тоа е најдобрата храна, најдобриот состав што е најсоодветен за потребите за раст и развој на бебето. По 6 месеци, покрај доењето, во исхраната на бебето ќе мора да внесете и друга, цврста храна која му е потребна да се задоволат сите прехранбени потреби, но и сите потреби за неговиот развој.

Светската здравствена организација го препорачува доењето како единствена храна во првите 6 месеци. И здравствените работници во Македонија сметаат дека на здравото доенче треба да му се овозможи исклучиво природна исхрана (мајчино млеко) до шестиот месец од животот на бебето, потоа да се продолжи со доење, а по навршување на првата година дохранувањето да се прави со кашички според препораките на педијатри, нутриционисти или други стручни личности.

 

Сите знаеме дека ништо не се споредува со мајчиното млеко и неговите придобивки. Секогаш било и секогаш ќе биде најдобрата исхрана за вашето дете. Научниците посветено го проучуваат и секогаш пронаоѓаат нови неверојатни предности. Затоа, проучете ги сите факти и ќе видите зошто мајчиното млеко е толку посебно.

Вие го создавате за вашето дете...

Не постои лошо мајчино млеко, иако млекото на секоја жена има различен состав. Секоја мајка создава свое единствено млеко. Делумно нејзината исхрана е онаа што влијае врз количеството на хранливи материи, како А-витамин Д-витамин, Б-комплекс, јод, есенцијални масни киселини и долгата низа на полунезаситени киселини како ДХА.

... и тоа се приспособува на вашето бебе

Мајчиното млеко не е оброк со непроменлив состав. Се менува во текот на месеците на доење, па дури и за време на еден подој, во зависност од климатските услови и полот на вашето дете и неговите потреби.

 

... се менува со текот на природната лактација

Најважни се промените во првите недели по породувањето, кога составот на млекото се приспособува на потребите на доенчето кое брзо расте.

 

Колострумот (во првите 5 дена по породувањето) е посебна жолта течност што ја создаваат млечните жлезди во мали количини пред правото надоаѓање на млекото. Содржи малку масти и многу протеини за да му помогне на бебето побргу да расте. Полно е со имунолошки фактори, па се нарекува и имунолошко млеко.

Транзициското млеко (од 6 до 14 дена по породувањето) е, како што кажува и самото име, млеко во транзицискиот период што води кон зрелото млеко. Со време, му се менува составот, станува сè послично на зрелото млеко и се зголемува неговата количина.

 

Зрелото млеко (околу 2 недели по породувањето) содржи двојно помала количина на протеини од колострумот и повеќе масти.

 

Составот на протеините во вашето млеко се менува уште од првиот ден, па на тој начин ги следи потребите на вашето бебе во текот на растот. Како што детето расте поспоро во текот на првиот месец од животот, така опаѓа количеството на протеини во млекото на мајката.

 

... се менува во текот на едно доење

Во почетокот на доењето млекото е воденесто за да се изгасне жедта на бебето. Со текот на доењето целосно расте содржината на масти и енергија и го достигнува врвот на крајот од доењето за да се засити бебето.

 

... се менува во зависност од климатските услови

Млекото на мајката се приспособува на климата: на жешко време мајките создаваат повеќе од првото, водникаво млеко за да не му недостигаат течности. Па тоа е супер!

... се менува во зависност од полот на детето

Дали знаете дека вашето млеко содржи 25% повеќе енергија доколку доите машко бебе?!

 

Главни здравствени предности на мајчиното млеко

 

Вашето млеко му дава на вашето бебе сè што му е потребно за да расте и да се развива нормално. Тоа не е сè! И повеќе од тоа! Исто така помага во развојот на имунолошкиот систем на бебето, го штити од болести и дава поддршка за здрав раст.

 

Му помага на вашето дете да изгради свој имунолошки систем

Неколку таканаречени „бифидогени фактори“, како добрите бактерии, олигосахаридите, високата содржина на сурутка и лактоза, влијаат поволно за создавање на здрава цревна микрофлора што е важна за развој на здрав имунолошки систем.

 

Ја зајакнува имунолошката заштита на бебето

Различни имунолошки фактори од мајчиното млеко го дополнуваат детскиот имунолошки систем и ја подобруваат заштитата од болести. Антителата од млекото можат да го заштитат доенчето од голем број бактерии.

 

Го штити здравјето и на други патеки

Во земјите во развој доењето може да биде прашање на живот или смрт, а во поразвиените земји оние деца кои се доени се поздрави од оние кои не биле доени:

•              Помал ризик од инфекции на системот за варење, акутно воспаление на ушите и сериозни инфекции на долниот респираторен тракт

•              Помал ризик од астма и атописки дерматитис кај доенчиња кои наследно се склони на тие болести

•              Помал ризик од прекумерна тежина и/или дебелина во текот на детството или адолесценцијата

•              Помал ризик од дијабетес

•              Подобар когнитивен развој