Мајчиното млеко – храна со неминлива вредност

0 - 6 месеци
Мајчиното млеко – храна со неминлива вредност

Мајчиното млеко содржи антитела кои го формираат имуниот систем и делува против најразлични болести, обезбедува населување на добри бактерии во цревата, односно правилно созревање на дигестивните патишта, што го намалува бројот на алергии на храна во иднина.
- Вода. Процентуално гледано, мајчиното млеко најмногу содржи вода. Затоа се смета дека на бебето додека е на исклучиво доење не му е потребна дополнителна количина на вода.
- Масти. За разлика од адаптираната формула, мастите на мајчиното мклеко содржат доволно холестерол, кој многу добро се апсорбира. Количината на мастите се прилагодува на возраста на детето. 
- Протеини. протеините во мајчиното млеко полесно се варат, па бебето цица побрзо ќе огледни од неа кое се храни со кравјо млеко или адаптирана формула.
- Јагленохидрати. Јагленохидратите се важен извор на енергија. Ензимот лактаза во мајчиното млеко ја зголемува ресорпцијата на млечниот шеќер - лактоза, а големите количини лактоза допринесуваат во развојот на цревната флора. 
- Витамини и минерали. Витамините и минералите се мајчиното млеко се добро избалансирани. Бебето може да исористи повеќе од 50% железо од мајчиното млеко, додека од формула се искористуватт околу 5-10%, а од крвјото млеко помалку од 1 %.
- Колострум. Драгоценото прво млеко, кое почнува да се лачи многу брзо по породувањето преполно е со готоври антитела (имуноглобулини) кои на новороденчето му обезбедуваат заштита од вируси и бактерии.
- Истражувања. Денес се знае дека децата кои цицаат најмалку шест месеци, помалку заболуваат од респираторни инфекции, астма, дијабетес, срцеви заболувања, воспаление на увото и слепо црево. Исто така доените деца имаат подобра емоционална врска со мајката.
- Иднина. Истражувањата покажаа дека мајчиното млеко содржи матичниклетки. Сега засега постои само надеж дека тие клетки ќе можат да се искористат како терапија против дијабетес, Паркинсонова болест, или повреда на 'рбетниот мозок.