Детето на возраст од 18 до 24 месеци

Детето на возраст од 18 до 24 месеци

На возраст меѓу 18 и 24 месеци Вашето дете е исклучително напреднато. Забите му се скоро сите на број, видот му е поостар, а мозокот подобро работи. Сега веќе може да зачекори наназад. Ужива не само во Вашето, туку и во друштво на други деца. Обрнете внимание на неофобијата која може да се појави околу 2. година од животот.
 

Нови запчиња

ФИЗИОЛОШКИ РАЗВОЈ Запчињата на Вашето малечко и натаму растат. За цврсти и здрави заби е потребен калциум од млечни производи. Важно е и редовното миење на забите! Вашето дете сега може да џвака храна со растителни влакна, како леќа.

 

Множество идеи

ФИЗИОЛОШКИ РАЗВОЈ Продолжува развојот на мозокот на детето, сега има 80% наполно развиен мозок. Изворите на есенцијални масни киселини играат важна улога во развојот на невроните. Приготвувајте јадења од лосос и туна кои ќе го нахранат мозокот на Вашето дете.

 

Љубопитни очиња

СЕТИЛЕН РАЗВОЈ Видот се подобрува, споредлив е со видот на возрасните, но ќе може да гледа исто како Вас на 4-5-годишна возраст. Тогаш ништо нема да му се провлече!

 

Чекор наназад

ПСИХОМОТОРЕН РАЗВОЈ Вашето дете сега може да се движи наназад. Ќе направи ситни чекори назадечки ако тргне во погрешен правец. Со вежбање ќе биде како мал Мајкл Џексон!

 

Спортист во развој

ПСИХОМОТОРЕН РАЗВОЈ Вашето дете може да вози трицикл на околу 2 г., а да трча без да падне на 2 до 3-годишна возраст. Сега може да скока со двете нозе и да се качи скоро секаде. На малиот истражувач му е потребна енергија повеќе од кога било. Подгответе и понудете му оброци што содржат растителни влакна.

 

Малечок дрдорко

ГОВОРЕН РАЗВОЈ Во овој животен период Вашето дете знае околу 12 зборови. Бидејќи е во непрекината интеракција со светот, за почеток ќе употребува кратки реченици. Од 2. година мошне брзо ќе го збогати својот речник и набргу ќе може да почне вистински разговор со Вас. Веќе нема да можете да го запрете!

 

Ужива во друштво

ДРУШТВЕН РАЗВОЈ Вашето дете ужива во друштво на други деца. Со средби и дружења ќе научи како да развие свој сопствен карактер и доследна индивидуалност. Може да почне да покажува знаци на егоцентричност, што често е причина за конфликти.

           

Прибор за јадење

СПОСОБНОСТ ЗА ХРАНЕЊЕ Сега знае да се служи со приборот и да јаде самостојно. Знае правилно да го држи својот нож, виљушката и да зема храна. Наскоро ќе може да држи чаша во едната рака. Вашето малечко станува сè посамостојно од ден на ден.

 

Бљак!

СПОСОБНОСТ ЗА ХРАНЕЊЕ Околу 2. година постои можност за појава на неофобија, кога детето почнува да се плаши од нова храна. Би требало да го навикнете да испробува широк спектар разновидна храна. Вежбањето на непцето со различни нови вкусови ќе го намали ризикот од појава на неофобија. Богати менија и множество рецепти се Вашите адути против оваа појава.